|
На ден 12.10.2023г. Комисијата за евалуација на пријавите за Ученик правобранител и негови заменици ги разгледа приложените документи според критериумите за избор од 4 кандидати: 1.Михаела Сандева 8¹ за Ученик правобранител 2.Мила Здравковиќ од 8¹ за Заменик ученик правобранител 3.Унеса Рушити од 8³ за Заменик ученик правобранител и 4.Дафина Спасовска од 8¹ одд.за Заменик на ученик правобранител. Комисијата едногласно ја прогласи ученичката Михаела Сандева од 8¹ одд. за Ученик правобранител во нашето училиште, а ученичките Мила Здравковиќ од 8¹, Дафина Спасовска од 8¹ и Унеса Рушити од 8³ одд., за нејзини заменици. Им честитаме на нашите храбри девојчиња и им посакуваме плодна и успешна работа во текот на нивниот мандат, но со грижа за реализација на детските права, нивна промоција и унапредување. |
