|
Почитувани наставници и ученици, Дозволете да ви посакаме успешен почеток на второто полугодие од учебната година. САНО здружението за подобро здравје, образование и социјална грижа кое работи и им помага на децата кои се борат со канцер, по повод меѓународниот ден посветен на овие деца - 15 Февруари, објавуваме ликовен конкурс. За таа цел САНО ги поканува сите ученици од основите училишта да земат учество на ликовниот конкурс на тема “За моето другарче во болница”. Ликовните дела можат да се испратат на aдреса “50 Дивизија број 16 Скопје” со назнака за конкурс или на е-маил адресата infosano@yahoo.com. |
