Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Прв ден од „Европа зема здив“

Ојавено Чет, 10/03/2022 - 7:44pm

Во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, од 7-ми март отпочна 5-дневна хибридна мобилност, во организација на нашето училиштето како домаќин на мобилноста. Координатор на проектот е Полска, а останатите партнер-училишта се од Шпанија, Италија, Грција и нашата земја. На мобилноста со физичко присуство се партнер училиштата од Полска и Шпанија, а виртуелно не следат партнер училиштата од Италија и Грција. Првиот ден од мобилноста, започна со срдечен пречек на гостите во нашето училште од страна на сите вработени. Во рамки на испланираните активностите, се започна со игри за "кршење на мраз", каде учениците меѓусебно се претставуваа и запознаваа. Потоа учениците учесници во проектот од сите земји преку презентации ja претставија својата земја, градот и училиштето, од кои доаѓаат, како и своите образовни системи. Исто така учениците и наставниците од партнер училиштата се запознаа со организацијата, сите простории, работата и успесите на нашето училиште. На крајот гостите имаа можност да ја вкусат македонската традиционална храна подготвена од страна на родителите и наставниците.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот 

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen