|
Нашето училиште го одбележува почетокот на учебната година со грант од програмата Еразмус+ за 2019 година, со нов одобрен проект “Europe Takes Breath” („Европа зема здив“), кој е дел од акцијата КА229 - Стратешки партнерства за размена помеѓу училишта. За таа цел, директорот на училиштето, м-р Анита Ангеловска, и координаторот на програмата Еразмус+, Биљана Арсова, присуствуваа на воведен состанок кој се одржа на 24.09.2019 година во просториите на ФОН. На состанокот беа дадени насоки за имплементација на проектните активности од страна на претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. |


