Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Литературна средба со писателката Јадранка Клисарова 2019

Ојавено Сре, 17/04/2019 - 8:36AM

На 17.04.2019 година, во нашето училиште гостуваше писателката Јадранка Клисарова. Во оваа прилика, учениците од трето одделение имаа можност да се запознаат со писателот како литературен творец, а и да научат дека тајните на оваа уметност се предизвик кој треба да се открие и доживее. 

Писателката им го престави на учениците начинот на кој таа твори литературни дела и од каде се инспирирани темите и мотивите на нејзиното творештво. Учениците ги примија со воодушевување пораките во расказите, кои најчесто произлегуваат од нејзиното искуство со учениците како одделенски наставник. Воспитно-образовната порака е и како учениците позадлабочено да размислуваат за секојдневните активности и редовно и континуирано да учат. 

Учениците со задоволство ги разменуваа своите усвоени впечатоци и знаења, конкретно од лектирата „Децата од моето училиште“ и поставуваа прашања во врска со сите раскази. На особено задоволство на писателката, учениците изведоа и драматизација според нејзин расказ. 

На крајот од средбата, учениците дополнително се интересираа за нејзиното литературно творештво, инспирација и работа како писател и беа задоволни од добиените одговори.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen