|
По повод Детската недела, во нашето училиште беа реализирани разни активности под мотото "Градиме мостови, чекориме напред". Денес, како завршен настан на Детската недела, во централното и подрачното училиште се одржа приредба за првачињата, подготвена од нивните соученици, како и доделување беџови за свечен прием на првачињата во Детската организација и давање свечена заклетва од нивна страна дека ќе ги исполнуваат своите училишни обврски и ќе развиваат меѓусебна почит и разбирање. |



















