Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

„Европа зема здив“ - четврти ден

Ојавено Саб, 12/03/2022 - 11:15AM

На четвртиот ден од виртуелната средба во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, наставниците и учениците проследија презентација за Еко активности во нашето училиште. Согласно планираните активностите се реализираше работилница на тема „Што треба да се сториме за да ја заштитиме животната средина“ организирана од страна на наставниците на нашето училиште. Учениците во групи изработува постери и брошури а потоа истите ги презентираа. Потоа следуваше посета на градоначалникот на општина Гази Баба, г. Бобан Стефковски, каде учениците имаа можност да се информираат за активностите кои општината ги презема за заштита на животната средина како што се раззеленување на нашата општина со цел да стане најчиста општина. На крајот се реализираше посета на Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ каде учениците и наставниците проследија предавање на тема „Важноста за пошумувањето“ од страна на проф. д-р Кирил Сотировски. Во рамките на посетата се запознаа со разновидниот животински свет и инсектите кои живеат на поднебјето на РМ а во Дендропаркот се запознаа со растителниот свет.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот 

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen