Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Честит Велигден 2018

Ојавено Нед, 08/04/2018 - 7:43AM

Почитувани колеги, драги ученици, родители, соработници, православни христијани,

Славејќи го денот кога Исус Христос воскреснал, го славиме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме вербата во вредноста на покајанието и на прочистувањето.

За христијаните, Велигден е празник на љубовта и мирот и симбол на триумфот на животот над смртта. Христијанството нè поучува на почитување на духовните вредности, но и на човекољубие и милосрдие, посочувајќи дека сите сме исти пред Бога и дека љубовта, почитувањето на семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат.

Водени од оваа верба, треба да ги продолжиме воспоставените вредности на почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и христијанските начела за мир и за заедништво.

Честит Велигден!

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Искрено,

Директорката

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen