|
Во периодот од 01.04.2023 до 05.05.2023 год. во нашето училиште се спроведе биофотоконкурс на тема „Магијата на природата низ фотографијата“ меѓу учениците од 5-то до 9-то одделение организирана и спроведена од наставниците од природно-математички актив. За изборот на најдобрите 12 фотографии одлучуваше тричлена комисија составена од наставници од училиштето. Имињата на победниците се: Лука Ѓорѓиевски 5-1, Кристијан Лазаров 6-2, Меглена Ѓошевска 6-2, Здравковиќ Мила 7-1, Исидора Стојчевска 7-1, Дафина Спасовска 7-1, Лука Копевски 8-1, Даријан Величковски 8-1, Јана Величковска 8-1, Магдалена Стефановска 8-2, Немања Јорданов 8-2. Учениците со своите мобилни телефони фотографираа животни и растенија во блиската околина при тоа ги увидоа взаемните односи помеѓу живите организми и нивните живеалишта, нивната адаптација како и биолошката разновидност во природата. |
