Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Ојавено Чет, 23/02/2023 - 7:19AM

Најубаво се твори, говори и слуша  на мајчиниот јазик!

Со една ваква порака и креативно изразување на најмладите генерации, низ богата програма оваа година беше одбележан 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

На крајот на настанот беа доделени дипломите на најуспешните ученици од училишниот натпревар по македонски и албански јазик кој се одржа на 14.02.2023.

Им честитаме на добитниците на наградите, како и на сите учесници, за прекрасните творби со коишто нѝ го разубавија денот. Задоволство е да се почувствува како се гради светот во боите на младешките соништа.

Да го негуваме нашиот јазик со тоа што ќе го научиме!

Сакајќи си го својот јазик, ќе ги сакаме и почитуваме и другите јазици.

СЕКОЈ ЈАЗИК Е НЕЧИЈ МАЈЧИН ЈАЗИК!

Во одделенска настава библиотекарска секција изработи презентација за Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, а во предметна препораки за корисна литература за македонскиот јазик.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот 

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen