Унгарија во соработка со општина Гази Баба

По повод одбележувањето на Националниот ден на унгарскиот народ, Амбасадата на Унгарија во соработка со општина Гази Баба распиша конкурс за истражувачката дејност на тема: „Судбината на Лајош Кошут по задушувањето на Револуцијата во 1848-49 година" и „Животот и делото на унгарскиот поет Шандор Петефи" на кој  ученикот Немања Јорданов од 8-2 одделение ја доби првата награда. Честитки за постигнатиот успех!