Почеток на виртуелна мобилност од Еразмус+ проектот „Европа зема здив“ во организација на партнер училиште од Италија
Чет, 07/4/2022
Во рамки на Еразмус+ проектот „Европа зема здив“, од 4-ти април отпочна 5-дневна виртуелна мобилност, во организација на партнер-училиштето од Италија. Координатор на проектот е Полска, а останатите партнер-училишта се од Шпанија, Грција и нашата земја. На првиот ден од виртуелната мобилност, наставниците проследија презентација за историското и културно наследство и традицијата на Италија, додека учениците учествуваа во работилница, каде меѓусебно се претставуваа и запознаваа и преку презентации ги претставија своите земји. Активностите се реализираа со користење на online-платформата Google Meet. |







