Втор ден мобилност од Еразмус проект "Да го победиме врсничкото насилство заедно", Чиниси, Италија
Пет, 18/3/2022
| Втор ден мобилност од Еразмус проект "Да го победиме врсничкото насилство заедно", Чиниси, Италија. Посета на Регионален археолошки и природно-научен музеј каде што учесниците имаа можност да се запознаат со историското наследството и биодиверзитетот на Сицилија . Потоа следеа активности во училиштето, работилници со учениците, интегрирање на булинг во наставата и запознавање со секциите. Учениците беа поделени во четири групи и во секоја група имаше по еден преставник од земјите партнери. Наставниците за тоа време следеа презентација за гратчето, училиштето и образовниот систем на Италија. Во попладневните часови беше реализирана посета на кино каде се проследија два филма за булинг направени од учениците и наставниците. |







