Обуки и дисеминации на наставен кадар
Вто, 01/2/2022
За време на зимскиот распуст нашите наставници проследија повеќе реализирани обуки: 1. Трговијата со луѓе и нејзина превенција и детекција во училиште; 2. Демократската клима и култура, проценка и развој; и 3. Дисеминација на реализирана прва фаза од Еразмус проектот под наслов "Да го победиме заедно врсничкото насилство" одржана во Шведска. Од клучно значење за успешен образовен процес и воннаставни активности е ваков пристап и усовршување на професионалниот и кариерниот развој кај просветните кадри. |







