Вежба за Евакуација при земјотрес и пожар

На 11.11.2021 година, четврток, во 11:00 часот се реализираше вежба за Евакуација при земјотрес и пожар. При самата вежба беа вклучени сите ученици од 6 -9 оддделение, како и наставниците.

Почетокот на земјотресот го означи звучен сигнал кој ги предупреди присутните во училиштето дека има земјотрес. Учениците под непосредно раководство на наставниците кои се на час се засолнија. Потоа се организираше напуштање на училишната зграда согласно Планот за евакуација на училиштето по училници, спратови на објектот и излезни правци кон главниот влез на училиштето. Учениците и наставниците се организираа по одделенија на предвидените мобилизациски собиралишта спроти училиштето.

Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст Скопје преку својата служба организира пункт за следење на состојбата со евакуираните, повредените, исчезнатите и загинатите лица во земјотресот, давање навремени информации до надлежните органи и јавноста за состојбата со згрижените лица и сл. Поради избувнување на пожар на долниот кат од училиштето како и поради повредено лице, директорот на ООУ ,,Кирил и Методиј" повика Противпжарна екипа и Брза помош. По пристигнувањето пожарникарите со упад преку главниот влез го изгасија пожарот и изнесоа повреден на кој му беше дадена прва помош.

Вежбата беше реализирана успешно.

По завршување на вежбата учениците од прво одделение имаа можност одблиску да се запознаат со противпожарното возило, противпожарникарската екипа и возилото на Брза помош.