Мартинка за секое дете 2019
Пет, 01/3/2019
По повод 1-ви Март, учениците од одделенска настава реализираа активност ,,Мартинка за секое дете" во училишното игралиште, каде меѓусебно си разменија мартинки, претходно рачно изработени на дводневна работилница од црвена и бела волница, заедно со нивните одделенски наставници. Воедно, учениците се запознаа и со традицијата за изработување и подарување мартинки. |







