Меѓународен ден на мајчиниот јазик 2019
Чет, 21/2/2019
По повод 21-ви Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во ООУ „Кирил и Методиј" беше организирана работилница со ученици од седмо до деветто одделение, на која учениците твореа и истовремено ги збогатуваа своите знаења за мајчиниот јазик, неговото потекло, развојот и значењето во одржување на културниот идентитет. На часот по мајчин јазик, дел од учениците проследија краток документарен филм под наслов „Кирилица - врвица на словенската писменост". |







