Ученичка квизотека 2018/2019
Чет, 29/11/2018
На 29.11.2018 година, во просториите на ДКЦ „Карпош“ - Скопје се одржа натпревар во рамките на првиот круг натпревари од „Ученичка квизотека“ (2018/2019). На натпреварот учествуваше и нашето училиште, ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци, кое се претстави со свои натпреварувачи (Елена Панчева, Виктор Младеновски и Нина Ангеловска), под водство на менторот Маја Цекова. Нашата екипа покажа одлични познавања од областа на општо знаење и го освои првото место. Честитки за овој значаен успех! |







